Баерн Минхен го декласираше Фрајбург совладувајќи го со резултат 5:0.
Натпреварот се одигра во рамките на десеттото коло во Бундес лигата и се одигра во неделата вечерта на „Алијанц Арена“.
За Баерн погодија Серж Гнабри (13'), Ерик Максим Чупо-Мотинг (33'), Лерој Сане (52'), Садио Мане (55') и Марсел Сабицер (80').
По овој триумф „баварците“ се искачија на втората позиција со 19 бодови, со што Фрајбург е третопласиран.
Баерн заостанува четири бода зад лидерот Унион Берлин.
Слични статии