Црна Гора направи важен чекор кон втората фаза на Евробаскетот. Во неделата во Тбилиси, Црна Гора победи со 91:81 против Бугарија. По рамноправното прво полувреме, Црна Гора ја доби третата четвртина со резултат 22:12.
Во меѓувреме водството го задржа во четвртата четвртина која ја доби со бројките 24:23. Владмир Михаиловиќ беше најдобар кај Црна Гора со 23 поени и шест скока. На Бугарија не и беа доволни 26 поени и осум скока на Александар Везенков. Црна Гора има две победи и еден пораз во групата А.
Бугарија го претрпе третиот пораз. Најдобрите четири во групата се пласираат во втората фаза.