KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Бартомеу ја отфрла можноста за враќање на Нејмар во Барселона

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу изјави дека е тешко Нејмар да се врати во Барселона поради тоа што не бил контактиран ниту од фудбалерот, ниту од неговите агенти, но ниту ПСЖ нема да му дозволи да замине.

Тој вели дека дури ни Барселона не побарала негов трансфер, а Нејмар не е на маса во однос на трансферите, пренесува Коха.нет.

„Никогаш не сум разговарал со нив, ниту со таткото, ниту со самиот играч. Не ми се јавија дека сакаат да се вратат во Барселона. Се подготвуваме за следната сезона и името на Нејмар го нема на маса. Зборуваме за играч на ПСЖ и не мислам дека ПСЖ сака да се откаже од него“, изјави Бартомеу за El Partidazo de Cope.