Денеска во 17 часот во Цирих ќе биде извршена ждрепката за полуфиналето и финалето на плејофот за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Катар.
Можни ривали во полуфиналето за Северна Македонија се Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Велс и Шведска.
Во овој репрезентативен тим играат голем број Албанци.
Играчот за врска на Леванте, Енис Барди сака за противник да има тим кој не е меѓу 10-те најдобри во светот.
„Би сакал да се соочам со тим кој не е меѓу првите 10 во севкупниот светски ранг. Но, во фудбалот никогаш не се знае, секој може да победи секого. Ќе бидеме во улога на аутсајдер очигледно и тоа може да биде многу позитивно за нас. Силно верувам дека можеме да одиме на Светско првенство“, изјави Барди за „екипа.мк“.
Полуфиналните натпревари на Светското првенство ќе се играат на 24 март, додека финалето ќе се игра на 29 март следната година. Тројцата победници од трите финалиња ќе патуваат во Катар на Светското првенство во декември 2022 година.