Барселона не успеа да собере целосни бодови на гостувањето кај Реал Сосиедад.
Екипите ги поделија бодовите израмнувајќи се со 2 спрема 2, пренесува Коха.нет.
Ојарзабал беше тој што му донесе водство на Сосиедад во 12. минута, погодувајќи од белата точка.
Во меѓувреме, Гризман ги израмни бројките во 38. минута по асистенција на Суарез, кој и донесе водство на Барса во 49. минута.
Но, Исаку им обезбеди бод на домашните погодувајќи во 62. минута.
Барса на врвот на табелата има 35 бодови, додека Сосиедад на четвртото место има 28 бодови.