KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Барселона е заинтересирана за Коман

Барселона размислува да достави понуда за трансфер на ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман, пишува „Диарио Спорт“, пренесува Коха.нет.

23-годишниот Коман размислува да го напушти германскиот клуб откако ја пропушти титулата оваа сезона. Тој започна само 11 првенствени натпревари во 2019-20 година, но беше редовен во Лигата на шампионите.

Барселона е заинтересирана за засилување на нападот. Во плановите се Лаутаро Мартинез од Интер и Нејмар од Пари Сен Жермен.

Сепак, репрезентативецот на Франција, Коман е посочен како друга опција, доколку пропадне трансферот на Лаутаро или Нејмар.

Мартинез во договорот со Интер има ослободителна клаузула вредна 111 милиони евра, додека Нејмар може да си замине од Париз за 150 милиони евра.

Коман, пак, се очекува да чини околу 60 милиони евра. Коман има договор со Баерн до 2023 година.