Барселона постигна договор со Челзи за трансфер на дефанзивецот Маркос Алонсо, пренесува „Скај Спортс“ во вторник.
Се дознава дека Челзи ја прифатил понудата на Барселона од девет милиони евра за Алонсо, која наскоро ќе се официјализира.
Алонсо ќе потпише тригодишен договор со Барселона и ќе се приклучи на тимот од Ла Лига на барање на тренерот Чави Ернандез, кој во него гледа соодветно засилување за одбраната.
31-годишниот фудбалер оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за Челзи, тим во кој се приклучи во 2016 година. Тој има договор со лондончани до следната година.