KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Барса го собори Интер

Фото: Ројтерс

Барселона го совлада Интер во второто коло од групата Ф во Лигата на шампионите со резултат 2 спрема 1.

Оваа победа за Каталонците дојде со пресврт, бидејќи Интер прв поведе по само три минути игра.

Лаутаро Мартинез го доведе Интер во водство, додека Луис Суарез ја врати Барса во игра со два гола во вториот дел.

Барса по два натпревари има четири бода и се наоѓа на втората позиција во групата, а водечки е и Дортмунд со четири бода. Интер и Славија Прага имаат по еден бод на последните две позиции.