KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Барак кон Тотенхем

Се очекува играчот од средниот ред Антонин Барак да биде првото засилување на Тотенхем во летниот преоден рок.

„Inside Football“ во понеделникот објави дека Тотенхем постигнал личен договор со Барак и преговара со Верона за негово ослободување.

Лондонскиот тим е подготвен да понуди 25 милиони за 27-годишниот фудбалер, кој со дресот на Верона брилираше оваа сезона во Серија А.

Барак постигна 11 гола и асистираше четири пати на 29 првенствени натпревари.

Тој има договор со Верона до 2024 година, додека го бараат и други тимови во Серија А од Бундеслигата.