Донис Авдијај беше одлучувачки за Хартберг во неделата. Тој постигна два гола во победата против Австрија Виена.
Натпреварот од седмата недела од австриската Бундес лига заврши 2:1.
Авдијај најпрвин го постигна голот за нерешените 1:1 во 43. минута, а за победата од 2:1 во 51. минута. Тој го напушти теренот во 86. минута. За 27-годишниот напаѓач тоа е трет гол во два натпревари.
Хартберг има освоено 11 поени од седум натпревари.