Екипата на Атлетико Мадрид изрази интерес за левиот крилен дефанзивец, Шпанецот Маркос Алонсо, објави „Ел Чирингуито“ во четвртокот.
Се очекува Алонсо да го напушти Челзи за време на јануарскиот преоден рок и во Атлетико се гледа како соодветно засилување за левото крило. Се дознава дека шпанскиот тим е подготвен да плати околу 15 милиони евра обештетување за трансферот на Алонсо, кој има договор со Челзи до 2023 година. 29-годишниот фудбалер оваа сезона има мал простор во Челзи откако се пријавил само три настапи во Премиер лигата.
Алонсо дојде во Челзи во 2016 година од Фиорентина, а има настапувано и за Сандерленд и Болтон.