Фудбалерот од средниот ред на Хофенхајм, Надием Амири, можеби немал тешко време како неговите родители, но не заборава дека е дете на бегалци.
Родителите на Амир ја напуштиле војната во Авганистан во 80-тите години за да се населат во Лудвигсхафен, Германија, пренесува „Коха диторе“ Bundesliga.com.
Токму во овој град Надием е роден во октомври 1996 година и благодарение на пожртвуваноста и напорната работа на неговите родители можел да ја следи својата страст за фудбалот.
„Тешко е кога те тераат да го напуштиш семејството на млади години и да заминеш во странска земја каде што не го зборуваш јазикот“, рече Амири, мислејќи на неговите родители. „Но, моите родители беа решени да направат нешто од нивните животи. Имаа волја и успеаја. Иако сум бундеслигаш, гордо признавам дека сум дете на бегалци“.
Родителите на Амир работеа на различни работи за да им овозможат на нивните синови, Наувид и Надием, да се развиваат како фудбалери... (Целиот напис можете да го прочитате во денешниот број на Коха Диторе)