Тимот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал го потврди трансферот на бразилскиот напаѓач, Нејмар.
Преку твит во вторник, Ал Хилал објави дека следното засилување ќе биде напаѓачот Нејмар.
Тој ќе биде прекомандуван во саудискиот тим од Пари Сен Жермен, тим кој од неговата продажба ќе профитира 90 милиони евра.
Нејмар ќе потпише двегодишен договор со Ал-Хилал со опција за продолжување на трета година, додека ќе има годишна плата од 100 милиони евра.