Во тимот на Базел се очекува да се врати напаѓачот Албиан Ајети. „Блик“ во четвртокот објави дека Базел е речиси блиску до договор со Ајети, кој се очекува наскоро да се официјализира. Ајети моментално е без клуб откако го раскина договорот со тимот од Турција, Газиантеп, за кој има одиграно вкупно 118 минути и постигнато еден гол.
Ајети се разви како фудбалер во Базел, пред да биде промовиран во првиот тим.
Во текот на кариерата играше и за Аугсбург, Ст. Гален, Вест Хем Јунајтед, Селтик и Штурм Грац.
Исто така, 26-годишниот фудбалер има 11 настапи и еден постигнат гол за Швајцарија.