Штурм Грац ќе направи големи промени во летниот преоден рок, а во пресрет на последниот домашен натпревар против ЛАСК, најави седум заминувања од тимот.
Меѓу нив е и напаѓачот Албиан Ајети. 26-годишниот фудбалер и се приклучи на австриската фудбалска елита во август минатата година на позајмица од Селтик.
Штурм Грац имаше опција да го купи, но не ја искористи. Ајети е фудбалер на Селтик и има договор со шкотскиот тим до 2024 година.
Во австриската Бундес лига оваа сезона, Ајети на 15 настапи постигна три гола и имаше една асистенција.
Штурм Грац го обезбеди настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. На првенството го освои второто место со 39 бодови.