Фантастичната форма на Тами Абрахам во Челзи го натера англискиот клуб да му понуди нов договор на 22-годишниот напаѓач.
Сепак, според медиумите во Англија, разговорите се заглавени, бидејќи Англичанецот бара неделна плата од околу 140 евра, пренесува КТВ.
Абрахам сака да му парира на соиграчот Хадсон Одоин, кој исто така потпиша нов договор.
Абрахам, кој има постигнато 13 гола во Премиер лигата, последниот против Арсенал каде ја обезбеди победата, има договор со Челзи на уште две и пол години.