ФИФА Евро 2024 KOHA.net

СПОРТ

Верстапен победува и во Италија

Макс Верстапен

Макс Верстапен со тимот на Ред Бул победи и на Гран-при трката во „Емилија Ромања“ од Италија. 

Холанѓанецот, кој имаше проблеми со гумите во последната фаза од трката, ја освои петтата победа во седум трки оваа година и повторно е водечки кандидат за освојување на четвртата светска титула. 

Ландо Норис од Мекларен заврши на второто место, додека Шарл Леклер од Ферари заврши на третото место. 

На табелата води Верстапен со 136 бодови, додека од седумте трки сезонава во пет случаи завршил на подиумот. 

Втор во генералниот пласман на возачи е и Серхио Перез од Ред Бул, со 103 поени. Перез оваа сезона од седум пати стигна до подиумот четири пати.