ФИФА Евро 2024 KOHA.net

СПОРТ

Тотенхем останува без главниот напаѓач

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон ќе биде надвор од терените три до четири недели поради повреда на коленото, изјави во петокот менаџерот Анже Постекоглу.

26-годишниот Бразилец се повреди при поразот на Спарс од Вулверхемптон со 2:1.

Ричарлисон е главен напаѓач на Тотенхем, додека во актуелното издание во англиската фудбалска елита има постигнато 10 гола на 22 настапи.

Девет од головите на Ричарлисон се постигнати во неговите последни 10 натпревари.

Тотенхем неодамна беше погоден од повреди на играчи.

Сеуште ќе биде без Педро Порон, додека Рајан Сесењон се очекува да го пропушти остатокот од сезоната по операцијата на мускулот.

Тотенхем е петти во Премиер лигата со пет бода помалку од четвртопласираната Астон Вила.