KOHA.net

СПОРТ

Јунајтед се пласира во ФА Купот со задоцнет гол

Голот кој во 89. минута го постигна бразилскиот играч за врска Касемиро беше доволен за победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Нотингем Форест.

Со победата од 1-0 во средата навечер, Јунајтед се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот.

Нему му асистираше португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш.

Манчестер Јунајтед во четврт-финалето на „Олд Трафорд“ ќе игра против Ливерпул.