KOHA.net

СПОРТ

Зеќири не е дел од плановите на тренерот на Брајтон

Напаѓачот Анди Зеќири се очекува да го напушти тимот на Брајтон во текот на овој летен преоден рок, објави „The Athletic“.

Се дознава дека Зеќири не е дел од плановите на тренерот Греам Потер и затоа ќе си замине. Се дознава дека Брајтон веќе одлучил да го стави Зеќири на продажба и се надева дека ќе добие понуда од секој тим заинтересиран за неговите услуги.

Зеќири воопшто не отпатува со остатокот од тимот на подготовки во Португалија, додека со Брајтон има договор до 2025 година.

Минатата сезона Зеќири беше на позајмица во бундеслигашот Аугсбург. Тој беше префрлен во Брајтон во 2020 година од Лозана.