Косовскиот фудбалски репрезентативец, Едон Жегрова, стана татко за прв пат.
Веста ја објави италијанскиот клуб, Јувентус, за кој моментално игра Жегрова, преку објава на платформата „X“.
„Честитки Едон Жегрова за раѓањето на твоето прво дете, Марс“, пишува во пораката објавена од црно-белиот клуб.
Честитки до Едон Жегрова за раѓањето на неговото прво дете, Марс! pic.twitter.com/trQQUl9iYl
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) Март 12, 2026
Мајката на фудбалерот, исто така, објави на Инстаграм за раѓањето на неговото дете.