Експериментирањето со музичките трендови е тренд веќе долго време. Уникатен жанр носи и Мал Малиќи, познат во јавноста како „Малик“.
Мали го создава својот жанр со тоа што е инспириран од настани од секојдневниот живот. За „Топ Коха мјузик“ „Малик“ призна дека со музика се занимава од 11-годишна возраст, додека во 2016 година дебитираше на сцената со својата прва професионална песна.
Неодамна го издаде албумот насловен „Малбум - секс на ниво“, кој содржи осум песни. За разлика од претходниот албум на Мали во кој песните беа поврзани една со друга, овојпат тие интерпретираат различни теми.