Пејачот Лени Кравиц откри дека неговата ќерка Зои Кравиц следната година ќе се омажи за актерот Ченинг Тејтум.
„Следната година ќе правиме свадба“, рече Лени во подкастот „Zoe Ball and Friends“ на Би-би-си.
Рече дека нема да пее на свадбата на ќерка му, ќе остане само со пријателите и роднините.
За младоженецот пејачот изјави дека е многу добро момче.
„Тој е навистина многу добро момче. Целиот е пораснат и има добри навики“, рече Лени, додавајќи дека Ченинг брзо станал дел од семејството.