Познатиот американски актер Џејмс Ерл Џонс почина на 93-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“.
Ѕвездата на филмовите „Полето на соништата“ и „Кралот лав“ како и гласот на Дарт Вејдер, почина во својот дом во Њујорк.
Џонс има освоено две Primetime Emmy награди, две Tony Awards, Греми меѓу другите. Имаше долга кариера во филмот, телевизијата и театарот.