Софија Вергара го доби долгиот судски спор против нејзиното поранешно момче Ник Лоеб во врска со нејзините замрзнати ембриони.
Познатата американска актерка беше во врска со Лоеб во периодот од 2012 до 2014 година. За таа цел, тие создадоа 2 оплодени ембриони кои оттогаш се чуваат во медицинска клиника во Калифорнија.
Во 2014 година, парот се раздели откако Лоеб поднесе судски спор за старателство над ембрионите - кој подоцна беше отфрлен. И покрај тоа, тој повторно го отвори случајот во Луизијана, но тој сепак беше отфрлен бидејќи Судот немаше јурисдикција за ембрионите што беа создадени во Калифорнија.
Во декември 2016 година, Вергара го тужеше Лоеб и побара од судот да издаде наредба со која ќе изјави дека нема да прави никакви потези за да се обиде да ги искористи ембрионите.
Случајот конечно е затворен откако Врховниот суд во Лос Анџелес му забрани на Лоеб да ги користи ембрионите без согласност на Вергара.