Странските медиуми продолжуваат да пишуваат за бракот на Рита Ора со Тајка Вејтити и покрај тоа што познатата естрада-брава не ја потврди оваа вест.
Дури и угледниот магазин „Пипл“ го постави прашањето дали поп-пејачката со косовско потекло и познатиот холивудски режисер својата врска ја крунисале со брак, бидејќи и двајцата се истакнале со златен прстен на прстот.
Иако новинарите на овој магазин контактирале со портпаролите на парот за да ја потврдат веста, тие не добиле никаков одговор.
Но, како што пишува порталот „Дејли мејл“, се верува дека Ора и Вејтити се венчале во Лондон со интимна церемонија, додека се очекува наскоро да приредат поголема забава со пријателите и семејството.
Се верува дека Рита и Тајка се во врска од април 2021 година. Но, само неколку месеци подоцна тие првпат се појавија во јавноста како пар, на премиерата на филмот „The Suicide Squad“ во Лос Анџелес.
Пејачката со косовско потекло и светска слава во септември минатата година за магазинот „Вог Австралија“ изјави дека сака да ја држи својата љубовна приказна што е можно поприватна.
„Јас сум во добар период од животот и тоа е се што ќе кажам за мојата љубовна врска. Тој едноставно, со сета почит, смета дека приватноста во животот е важна. Научив многу од грешките што ги направив во моите 20-ти“, изјавила Ора.
Тајка Вејтити е татко на две ќерки од претходниот брак со Челзи Винстанли, додека Рита се издвојува по кратките врски со неколку личности од шоубизот. Двојката за која многу се зборува, одлучи времето да го подели на три земји, Австралија, Велика Британија и САД.
{галерија}