KOHA.net

SHOWBIZ

Рита Ора на насловната страница на престижната „Marie Claire“

Рита Ора

Рита Ора

Светски познатата Албанка Рита Ора се огласи за насловната страница на престижниот магазин „Marie Claire“ во шпанска верзија.

Веста ја соопштија менаџерите на магазинот преку заедничка објава со ѕвездата на социјалната мрежа Инстаграм.

Објавата во магазинот започнува со зборовите каде Ора вели дека цел живот сака да биде пејачка.

„Станав опседната со модата, музиката и секаков вид на забава. Единствено што сакав да направам е да се забавувам“, изјавила пејачката.

Во ова ексклузивно интервју за магазин, од августовскиот број, Ора зборува за нејзината кариера и важноста на менталното здравје.

„Ти благодарам „Marie Claire Espana“ што ме стави на најновата насловна страница. Погледнете ги сликите за да ги видите моите движења на фламенко“, напиша Ора во друга објава.

Датумот на објавување на целосното интервју се уште не е познат.