Мајката на Рита Ора, психијатарот Вера Сахатчиу, се врати на првата линија на борбата против Ковид-19, приклучувајќи се на Националната здравствена служба во Англија во обид да помогне во хаосот создаден од пандемијата, пишува „mail-online“.
Албанската пејачка во четвртокот вечерта (20 часот) се приклучи на симболичната иницијатива на англиските „Clap For Carers“, ракоплескајќи за лекарите и медицинските сестри, а видеото го сподели со своите фанови на Инстаграм.
Рита носеше шарен спортски костум, додека со широка насмевка на лицето ги започна аплаузите за сите лекари, а особено за нејзината мајка.
Досега во Велика Британија се регистрирани 33.718 лица заразени со коронавирус, додека 2.921 починале.