Објавени се првите слики од претстојниот акционен филм „John Wick: Chapter 4“.
Американскиот трилер, кој е четвртиот дел од популарниот филмски серијал, е во режија на Чад Стахелски и се базира на ликовите создадени од Дерек Колсад.
Холивудската ѕвезда Кијану Ривс повторно се враќа во протагонистичката улога, додека снимањето на ова продолжение се одвиваше од јуни до октомври 2021 година, во различни градови како Берлин, Париз, Осака и Њујорк Сити.
Претстојниот филм се фокусира на ликот Џон Вик, кој наоѓа начин да ја победи организацијата Висока маса, која се состои од некои од најопасните професионални атентатори во светот. Но, пред да ја добие својата слобода, Вик мора да се соочи со нов непријател со моќни сојузи низ целиот свет и сили кои ги претвораат старите пријатели во непријатели.
„Џон Вик: Поглавје 4“ требаше да излезе во мај 2021 година, но беше одложен поради пандемијата. Сега, филмот пристигнува во кината ширум светот од 24 март следната година.