KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
SHOWBIZ

На Џејн Фонда и е дијагностициран рак

Актерката Џејн Фонда објави дека и е дијагностициран рак и дека се лекува со хемотерапија.

Во објава до нејзините 1.9 следбеници на Инстаграм, 84-годишната актерка објасни дека има не-Хочкинов лимфом, објави Би-Би-Си во саботата.

Фонда ова го опиша како „рак што може да се лекува“ и дека има среќа за тоа.

Холивудската икона ги искористи своите објави за да ја истакне здравствената заштита во САД, истовремено сигнализирајќи дека ќе продолжи со својот климатски активизам.

Таа рече и дека се чувствува среќна што има здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари.