„Бон Бон“ беше песната што и ги отвори вратите на меѓународната сцена за албанската пејачка Ера Истрефи.
Таа пред неколку дена отпатува во Америка каде објави фотографија во студиото на Лос Анџелос преку која ни дава до знаење дека работи на нови проекти, ја пренесува емисијата Експрес на КТВ.
На оваа фотографија можете да ја видите Ера и покрај неа познатиот текстописец, Џеси Сент Џон, кој е автор на многу текстови на најпознатите пејачи како: Бритни, Сиа, Чарли XCX, Дипло, Импајер, Брук, Кенди, Ерика итн.
Bon Bon на Ера Истрефи беше објавен пред 1 година и сега има над 430 милиони хитови на You Tube.