Минатиот месец пејачката Ели Гулдинг објави дека го чека своето прво дете.
Номинираната за „Греми“ во интервју за „Телеграф“ се огласи, пренесува Коха.нет, зошто не ја објавила својата бременост во јавноста додека не поминале 30 недели.
„Остануваат уште неколку месеци и ќе станам мајка“, биле зборовите со кои Ели ја соопшти веста дека го чека своето прво дете.
На прашањето зошто толку долго го чувала во тајност, пејачката вели дека и треба време да се навикне на овој факт.
Минатата година Ели го издаде четвртиот албум насловен „Brightest Blue“, а наскоро ќе ја објави и својата фитнес книга со наслов „Calmer, Fitter, Stronger“.
Таа е во брак со трговецот со уметнички дела Каспар Џоаплинг.