Светски познатата албанска пејачка Дуа Липа ги објави првите фотографии од нејзината луксузна венчавка со актерот Калум Тарнер, одржана во Палермо, Сицилија, по интимната церемонија што двојката претходно ја одржа во Лондон.
Музичката ѕвезда сподели серија фотографии од прославите во Италија на Инстаграм. На фотографијата, двојката е прикажана како позира на балкон, танцува и споделува емотивни моменти под превезот на невестата. Дуа ја придружи објавата со едноставниот наслов: „Господин и госпоѓа.“.
Главната церемонија се одржа на 6 јуни во историската Вила Валгуарнера во Палермо, со што беше крунисана тридневната прослава организирана во Сицилија.
За оваа пригода, Дуа Липа избра луксузна венчаница украсена со дијаманти, дизајнирана од модната икона, Матие Блазеј, креативен директор на познатиот француски бренд „Шанел“. Пејачката се упати кон олтарот по писта од околу 200 метри, опкружена со редови цвеќиња.
На прославата присуствуваа повеќе од 200 гости од светот на шоу-бизнисот. Меѓу нив беше и музичката легенда Елтон Џон, кој наводно настапил на свадбената ноќ. Присутни беа и уметниците Оливија Дин, Марк Ронсон и Чарли Екс Си Си.
-
Дуа Липа блеска во бел фустан со пердуви на предсвадбената забава во Палермо
-
Дуа Липа и Калум Тарнер се венчаа на приватна церемонија во Лондон
-
Калум Тарнер проговори за бракот со Дуа Липа
-
Дуа Липа и Калум Тарнер дебитираа на црвениот тепих како брачни парови
-
Базен, кино и музичко студио – откриени детали за луксузната резиденција на Дуа Липа