KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
SHOWBIZ

Дуа Липа ја поздрави новата верзија на „Don't Start Now“ во изведба на Хејли Вилијамс

Вокалистката на бендот „Параморе“, Хејли Вилијамс изведе помеланхолична верзија на новиот хит на Дуа Липа, „Don't Start Now“.

Познатиот музичар настапуваше во радио емисијата на Би-Би-Си, „1 Live Lounge“ и избра да ја изведе познатата песна на Липа како „кавер“, пренесува Коха.нет.

Пред да ја изведе песната, Вилијамс на водителот на ова шоу му рече: „Малку ја сменивме песната, за да можеме да ја изведеме во наш стил. Се надеваме дека оваа верзија ќе и се допадне на Дуа“.

И да, Дуа Липа ги поздрави промените кои Вилијамс ги направи на нејзиниот хит „Don't Start Now“, а за да го поддржи, Липа објави дел од овој настап на својот Инстаграм.

„Не почнувај сега“ е дел од претстојниот албум на косовско-британската пејачка „Иднина носталгија“, а досега брои повеќе од 124 милиони посети на Јутјуб.

Хејли Вилијамс освен што е член на бендот „Параморе“, развива и кариера како соло пејачка. Неодамна со сите обожаватели сподели две песни од нејзиниот деби албум „Simmer“ и „Leave It Alone“, додека новиот албум на пејачката насловен „Petals For Armor“ ќе биде објавен на 8 март годинава.