Како што беше предвидено, Бијонсе имаше извонреден настап на овогодинешната церемонија на „Оскар“.
Музичката дива ја изведе песната „Be Alive“, која е саундтрак на филмот „Кралот Ричард“, од тениското игралиште во Комптон, Калифорнија, каде што сестрите Серена и Венус Вилијамс вежбаа пред да станат светски шампиони во тенис.
Бијонсе заедно со нејзините танчери, придружни пејачи и многу музичари донесоа неверојатна кореографија и музички настап во живо што можете да го очекувате само од легендарен уметник како неа.
Настапот изгледаше магично благодарение на комбинацијата на облеката на пејачката со нејзините придружнички, во која доминираше неонско зелената боја. Во меѓувреме, Бијонсе го комплетираше својот гламурозен изглед со дијамантски накит, вклучувајќи и појас со жартиера, исто така, начичкан со светкави камења.
На музичката ѕвезда во овој важен момент и се придружи нејзината 10-годишна ќерка Блу Ајви Картер.
-
Бијонсе можеби ќе биде меѓу изведувачите на церемонијата на „Оскар“.
-
Бијонсе подготвена за „Оскар“ со филмот на сестрите Вилијамс
-
Бијонсе би можела да добие Оскар за филмот за сестрите Вилијамс
-
Бијонсе во својот филм зборува за нејзиниот личен живот
-
Бијонсе блеска за време на концертот во Лос Анџелес