KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
SHOWBIZ

Бијонсе го слави својот 40-ти роденден

Познатата американска пејачка Бијонсе денеска слави роденден. Таа наполни 40 години.

Бијонсе е една од најуспешните пејачки во музичката индустрија, со нејзините песни кои станаа хитови ширум светот и освоија многу престижни музички награди.

Само оваа година, Беј влезе во историјата на наградите „Греми“, станувајќи пејачка со најмногу освоени трофеи во текот на нејзината музичка кариера.

Кариерата ја започнала на многу млада возраст, како дел од познатата група „Destiny's Child“, од која со години е разделена за да ја продолжи кариерата како соло уметник.

Бијонсе е во брак со американскиот рапер Џеј Зи со кој има три деца, ќерката Блу Ајви Картер, близнаците Сер и Руми Картер.