Се очекува Бебе Реџа да ја објави својата најнова песна и клип на 5 март.
Песната која ќе го носи насловот „Жртвување“ се очекува да предизвика бура за нејзиниот клип, во кој пејачката по потекло од Албанија ќе се појави како никогаш досега.
На фотографијата која ја објави на социјалните мрежи се гледа како носи провокативна облека додека стои пред маж во синџири.
Нејзината последна песна беше насловена „Бебе, љубоморна сум“, во соработка со Доја Кат.
