Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон во неделата се појави на трибините на престижниот турнир Вимблдон, во едно од нејзините ретки јавни настапи.
Таа ги подели и трофеите во машкото финале, напиша магазинот Elle.
Кејт често го покажува својот уникатен стил на облекување на овие настани, одлучувајќи за бели фустани со црни точки, фустани во светли бои и принтови од нејзините омилени брендови.
Овој пат таа носеше бренд што обично го носи нејзината снаа, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.
Да го гледам натпреварот Новак Ѓоковиќ - Карлос Алкараз, што беше реприза на минатогодишното финале, избра виолетова тоалета од британскиот бренд, „Safiyaa“.
Принцезата го носеше фустанот наречен „Сесилија“ и беше пречекана со громогласен аплауз на централниот терен додека се движеше до седиштето со нејзината ќерка Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон.
Организаторите на тенискиот шампионат „Вилблдон“ многу се надеваа дека принцезата оваа година ќе им ги подели трофеите на победниците, бидејќи моментално се соочува со еден вид рак и не се појавува многу во јавноста.
Принцезата е исто така покровител на тенискиот и крикет клубот Ол Англија, на чија територија се одржува Вимблдон и е единственото тениско првенство што се уште се одржува на природна трева.
„Се надеваме дека принцезата може да ги подели трофеите, како покровител на клубот, но нејзиното здравје е приоритет. Не знам кој ќе биде алтернативна личност за делење на трофеите. Кога ќе слушнеме каква одлука ќе донесе принцезата тогаш ќе одлучиме што е правилното нешто“, изјави претседателката на клубот Деби Џеванс.
Алкарази во неделата против Ѓоковиќ победи со 3:0 во сетови со 6:2, 6:2 и 7:6. Последниот сет беше решен во „тајбрејк“, при што Алкараз победи со 7:4.