Светски познатата пејачка од Косово Рита Ора во шоуто на Елвис Дуран ги пофали познатите Албанци во Њујорк.
Говорејќи во емисијата на „iHeart Radio“, на прашањето за Албанците, Рита рече дека „ова е една од причините зошто го сака Њујорк“.
Потоа ја прашаа за албанските уметници и ги истакна трите ѕвезди: Бебе Реџа, Дуа Липа и Ава Макс.
ВИДЕО:
Покрај Албанците, таа ја пофали и музиката што ја прави нејзината колешка, ѕвездата Тејлор Свифт.
„Откако бев присутна на еден од нејзините концерти во Австралија, каде отидов со Кети Пери, видов дека таа прави луѓето да се чувствуваат удобно преку нејзината музика“, изјави Ора.
Меѓу другото, таа има кажано дека многу и се допаѓа Њујорк, притоа покажувајќи дека кога првпат отишла таму била исплашена и се чувствувала осамено.
Преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, Ора покажа дека поминала 48 часа облечена само во црвено, за да го промовира филмот „Декаденти: Подемот на црвеното“, каде ја толкува улогата на кралицата на срцата.
Во долг фустан со црвени бисери таа се појави и во шоуто на познатата ѕвезда Џими Фалон каде зборуваше и за концертот на Свифт.