KOHA.net

SHOWBIZ

Ќерката на Синди Крафорд ја надмина Бела Хадид и стана „модел на годината 2018“

Каја Гербер, ќерката на супермоделот Синди Крафорд, е крунисана за „модел на годината“ на годишниот настан „Fashion Awards 2018“.

Гербер со само 17 години стана најмладата манекенка која е почестена со оваа награда.

Супермоделот се соочи со силна конкуренција од Адут Акеч, Адвоа Абоах (минатогодишниот победник), Бела Хадид и Вини Харлоу за да ја однесе престижната награда.

Ова е неверојатно достигнување за тинејџерката која почна да се занимава со манекенство минатиот септември, само 4 дена по нејзиниот 16-ти роденден.

Таа го имаше своето деби на модната ревија на Келвин Клајн пролет/лето 2019 за време на модната недела во Њујорк.

2018 година е несомнено голема година за Каја Гербер, која ги освои модните писти шетајќи по модната писта за големите модни куќи како Бурбери, Версаче, Александар Ванг и Валентино.

Каја Гребер беше поддржана од нејзиното семејство за време на големата вечер додека одеше на црвениот тепих во прекрасна тоалета на Александар Меквин. Таа беше придружувана од мама Синди Крафорд, тато Ренди Гербер и постариот брат Присли Гербер.

Со своите 17 години, сигурно е дека ова е само почеток за Каја и таа несомнено ќе ги следи стапките на нејзината мама супермодел.

Сликата