Силното невреме со дожд и силен ветер го зафати регионот. Најмалку 19 лица загинаа во Босна и Херцеговина, додека спасувачките тимови побараа помош од армијата за да навлезат во областите блокирани од поплавите. А на други места аларм беше даден за екстремни временски услови
Најмалку 19 лица загинаа откако голем број градови и села во Босна и Херцеговина беа поплавени како последица на силно невреме со дожд и ветрови што во текот на ноќта во четвртокот ги погоди централните и јужните делови на земјата.
Општина Јабланица, на околу 70 километри од главниот град Сараево, е речиси целосно блокирана, бидејќи патиштата и железничките линии се оштетени од поплавите.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеДарко Јукан, портпарол на локалната администрација во регионот на Херцеговина, најави дека покрај жртвите има и многу материјални штети во погодените региони и ги предупреди граѓаните да избегнуваат патување од Јабланица до Коњиќ.
„Известени сме дека се поплавени неколку мостови, дека се уништени патиштата кои водат кон Рисовце и Рама и дека има одрони од Коњици кон Мостар. Апелот што треба да го пренесам во овој момент е ниту еден граѓанин под никакви околности да не оди на Јабланица и Коњиќ“, изјави портпаролот Дарко Јукан.
Властите побараа доброволци и војската да им помогнат на спасувачките тимови во отворањето патишта и обезбедување пристап до домовите кои останаа без струја.
„Контактиравме со највисокото ниво на власта и побаравме помош. Побаравме помош и од вооружените сили. Моментално работиме на активирање на хеликоптер кој ќе помогне да се спаси дете во Јабланица“, изјави Марија Бухак, шеф на регионот на Херцеговина.
Јосип Калем, жител на Фојница, еден од градовите погодени од поплавите, вели дека околу 4 часот наутро го разбудило лаењето на неговото куче. Тој рече дека кога излегол на терасата, видел дека водата забрзано се крева.
„Слегов, ја разбудив сопругата и погледнав наоколу, не можевме да излеземе од дома. Видовме се повеќе вода“, рече тој.
„Одеднаш водата ја поплави гаражата, подрумот, мојот автомобил - се. Водата однесе сè, вклучително и моето куче“.
И Анѓа Милешиќ, друга жителка на Фојница, изјави дека била изненадена среде ноќ.
„Кога се разбудив, подот во мојата спална соба беше веќе влажен. Влегов во ходникот - вода имаше насекаде - во дневната соба, насекаде“, нагласи таа. „Беше страшно.
Како причина за ситуацијата, владата во босанско-хрватската федерација прогласи вонредна природна состојба.
Покрај во Босна, во петокот поплави имаше и во Хрватска, каде властите издадоа предупредувања за екстремни временски услови во областите околу морскиот брег. Слични предупредувања беа упатени во Црна Гора и Србија.
А во Албанија обилни врнежи имаше во неколку градови, вклучително и Тирана и Драч, каде поради тоа сообраќајот е отежнат.