Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека стратешкото партнерство со Србија динамично се развива „и покрај тешките меѓународни услови“.
Во честитката за Денот на државноста на Србија, Путин рече дека верува оти двете земји ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката за доброто на двете страни во различни сфери.
„Стратешкото партнерство меѓу нашите земји се развива динамично и покрај тешките меѓународни услови. „Убеден сум дека, потпирајќи се на вековните врски на братско пријателство и духовна блискост што ги обединува рускиот и српскиот народ, ќе можеме да продолжиме да ја зајакнуваме соработката за доброто на двете страни, во различни сфери, со реализација на заеднички проекти“, се вели во честитката на Путин до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објавена од Кабинетот на Србија.
Србија е меѓу ретките земји кои не воведоа санкции кон Русија.
-
Вучиќ разговара со Путин, му вели дека Србија нема да воведува никакви санкции кон Русија
-
Путин: Србија е посебен и сигурен сојузник
-
Вучиќ предупредува на вооружувањето, вели дека е загрозено од сојузот Косово-Албанија-Хрватска
-
Путин ја пофали надворешната политика на Вучиќ за време на средбата во Пекинг
-
Вучиќ се сретна со Путин во Пекинг, разговараа и за Косово