Граѓаните се собраа во центарот на Скопје да бараат правда за 59-те жртви кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани.
Демонстрантите повикаа да се стави крај на корупцијата, за која велат дека стои зад трагедијата што ја потресе Северна Македонија, објави Ројтерс.
Митингот започна со 16 минути молчење во чест на жртвите од настанот што се случи на 16 март.
Во понеделник, на 18 март, голем број граѓани на Кочани во Северна Македонија излегоа на улиците на градот да бараат правда. Некои држеа транспаренти на кои пишуваше: „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „се е легално овде ако имаш врски“.