Зоолошката градина во Скопје од недела наутро е затворена поради сомнежи за птичји грип, јавува Алсат М.
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат увид и се уште не соопштуваат официјални информации.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека инспекторите вршат проверки. Засега не е даден совет дали посетителите треба да прават лекарски прегледи
Од друга страна, во коминике од Зоолошката градина, се вели дека инспекторите без налог влегле во зоолошката градина и убиле неколку птици. Оттаму најавуваат кривична пријава против директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и инспекторите.
„Од утрово, без налог, решение или други докази, инспекторите на АУВ придружувани од вооружени лица влегоа во скопската зоолошка градина и ги заклаа птиците. Овие луѓе без оправдување по наредба на директорот на АУВ и без докази до овој момент убиле неколку десетици птици кои слободно се шетале во зоолошката градина. Станува збор за украсните видови гуски и патки кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап до зоолошката градина од градскиот парк“, се наведува во соопштението.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство не одговорија на наводите на Зоолошката градина.
Поранешниот директор на зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, потврди дека инспекторите се на терен и посочи дека луѓето кои утрово биле присутни во зоолошката градина се евакуирани.
„Колку што знам има инспектори од АУВ, од здравство не знам дали има присутни. „Работиме на терен, да се надеваме дека не е птичји грип, но како што разбрав, тоа е смртоносна бактерија“, рече Галетановски.
Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ реагираше во врска со начинот на уништување на птиците во Зоолошката градина во Скопје, откако надлежните констатираа присуство на птичји грип, поточно вирусот Х5Н1.
Од ова здружение велат дека имало терор и масакр врз птиците, додека не веруваат дека има птичји грип, додека не се објави соодветната документација од надлежните.
„Иако во Македонија не е забележан случај на птичји грип и вирусот на птичји грип е речиси без никаков ризик по здравјето на луѓето, за само еден ден во Зоолошката градина Скопје се случи масакр на птици“, се наведува меѓу другото. во реакцијата на „Анима мунди“./Алсат М