Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, во вторник даде силна поддршка за кандидатурата на земјите од Западен Балкан за членство во Европската унија. Тајани изјави дека доколку овие земји не влезат во ЕУ, тогаш може да се обратат кон Русија или Кина, пренесува агенцијата „АП“.
Говорејќи за време на неговата посета на Северна Македонија, Тајани рече дека блокот „мора да им подаде рака на оние луѓе кои сакаат да бидат со нас Европејците“.
„Ако не го направиме ова, тогаш ќе има некој што сака да не замени, мислам на Русија, Кина или други делови од светот, мислам на Турција“, рече Тајани.
Тој разговараше за време на медиумската конференција во Скопје со неговиот колега Тимчо Муцунски.
Тајани рече дека Италија „работи и ќе работи Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ“.
Северна Македонија и соседна Албанија се кандидати за влез во ЕУ од 2005 година. Тие ги отворија преговорите со блокот во 2022 година, во процес кој се очекува да трае неколку години.
Други земји од Западен Балкан кои имаат за цел членство во ЕУ се Србија, Црна Гора, Босна и Косово.