KOHA.net

Ражон

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија

Африм Гаши - претседател на Собранието на Северна Македонија

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија. 

Со 76 гласа за, 6 против и ниту еден воздржан, за претседател на Собранието е избран Гаши од коалицијата ВЛЕН.

Преку објава на Фејсбук, Гаши им се заблагодари на сите за поддршката.
Продолжуваме да ги исполнуваме нашите обврски кон граѓаните“, напиша тој.

На Гаши му честиташе претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуифца.

„Ќе биде големо задоволство да работиме заедно, да ја продлабочиме соработката меѓу нашите земји, вклучително и онаа на нашите парламентарни институции. Со нетрпение очекувам да започнеме со работа за што повеќе да ги унапредуваме нашите заеднички интереси, заеднички да придонесеме за одржлива регионална стабилност и евроатлански цели. Очекувам дополнително да се консолидираат односите меѓу нашите институции“, напиша Коњуфца. Посакувам демократските закони, практики и култура да не доближат уште повеќе како визија за поперспективна иднина за двете наши земји“, рече Коњуфца.

Честитка на Гаши упати и претседателката Вјоса Османи.

„Честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши. Албанците од Северна Македонија одиграа клучна улога во формирањето и градењето на државата на Северна Македонија, а денес тие се клучни придонесувачи за нејзината европска перспектива, нашите земји уживаат одлични меѓусоседски односи, засновани на меѓусебно почитување, пријателство и соработка. На претседателот Гаши му посакувам многу успех на оваа важна функција!“, напиша таа во „Х“.