Кина очекувано го освои златниот олимписки медал во екипна конкуренција во пинг-понг.
Кинеските пингпонгари во петокот во финалето ја совладаа Шведска со 3:0.
Најпрвин Линг Ма и Чукин Ванг победија со 3:2 во сетови против Антон Калберг и Кристијан Карлсон. Тогаш Жендонг Фан победи со 3:2 во сетови против Трулс Морегард, додека Чукин Ванг го совлада Кристијан Карлсон со 3:2.
Бронзениот медал и припадна на Франција која со 3:2 славеше над Јапонија.