Стивен Кари го избра вистинското време да го покаже својот потенцијал на Олимпијадата. Тој беше спасител на Соединетите Американски Држави во четвртокот вечерта во Париз.
Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс ги предводеше САД до победата над Србија, против која забележаа пад од 17 поени. Но, на крајот блеснаа ѕвездите од НБА лигата и победија со 95:91, во полуфиналето на кошаркарскиот турнир, во француската престолнина.
Сега САД ќе бараат да го освојат својот петти последователен олимписки златен медал во сабота, кога ќе се соочат со Франција во финалето.
Кари постигна најмногу поени на еден натпревар на Олимпијадата. Тој имаше вкупно 36, а девет од нив направи од линијата за три поени. Тој ги постигна првите 14 од 15-те поени на САД во првата четвртина. На крајот од првиот период имаше 17. Неговите соиграчи не ја имаа најдобрата вечер и Србија го искористи тоа бидејќи по првото полувреме водеше со 11 разлика и го задржа тоа водство до крајот на натпреварот.
Но, во вистинските моменти на сцената се појави и Џоел Ембиид, кој му даде поттик на тимот на САД кога тоа беше потребно. Тој имаше серија од 7:0 со постигнати поени, а почна да блеска и Леброн Џејмс. Кари се врати со тројка, деветти во ноќта. Американците потоа со повеќе поени на Џејмс поведоа и не се откажаа до крајот на натпреварот.
Ембиид средбата ја заврши со 19 поени, а притоа придонесе и со четири скока.
Џејмс придонесе со „трипл-дабл“ од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции. Овие тројца кошаркари беа единствените кои имаа двоцифрен број на поени за селекцијата на САД.
Сега во финалето САД ќе се соочат со Франција.
Гершон Јабуселе постигна 17 поени во победата на Франција над Германија во полуфиналето на Олимписките игри што се одржуваат во Париз. Франција во четвртокот ја совлада Германија со 73-69. Исаја Кординие додаде 16 поени, а Виктор Вембањама 11 поени и седум скока за Франција, која го обезбеди своето второ финале на Олимпијадата. Денис Шродер постигна најмногу поени за Германија. Тој постигна 18 поени, а Франц Вагнер додаде десет поени и осум скока.
Тоа ќе биде реприза на финалето на „Токио 2020“ кое беше организирано пред три години.
Соединетите Американски Држави победија против Франција и го освоија четвртиот последователен златен медал.