Грант Холовеј од САД го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз во четвртокот вечерта на 110 метри со пречки.
По него следуваше другиот Американец, Даниел Робертс, кој го освои сребрениот медал, додека со бронзениот медал се закити Рашид Бродбел од Јамајка.
Холовеј заврши со време од 12.99 секунди.
Со време од 13.09 секунди, Робертс беше втор, додека Бродбел го комплетираше подиумот со време од 13.09 секунди.