Почина познатиот германски тренер по бокс, Михаел Тим.
Тим страдаше од сериозна болест, а е еден од најдобрите боксерски тренери што Германија некогаш ги имала.
Тим почина на 63-годишна возраст.
Меѓу другото, овој тренер соработувал и со Луан Красниќи.
Тој исто така тренирал многу познати боксери како што се Руслан Чагаев, Феликс Штурм и Јирген Брамер.
„Со голема тага ја примив веста дека мојот поранешен тренер по бокс, Мајкл Тим, почина на само 63-годишна возраст. За мене, тој не беше само тренер во рингот, туку и водич, ментор и драг пријател. Со својата дисциплина, непоколебливата вера во мене и неговата човечност, тој ме обликуваше и ме научи на вредности што одат многу подалеку од спортот. Неговото наследство живее во сите луѓе што ги тренираше, им помогна и ги инспирираше. Секогаш ќе се сеќавам на него со почит и сум благодарен за времето поминато заедно“, напиша Красниќи.